Поради пожарот во Калифорнија, стотици илјади луѓе се евакуирани, вклучувајќи и многу познати личности. Меѓу нив е и познатиот актер Орландо Блум, кој сподели фотографијата од огнената стихија.

Околу 250.000 жители на Лос Анџелес и Вентура беа евакуирани, а пожарникарите сé уште се борат со огнот. Околу 150 куќи беа уништени. Орландо беше евакуиран од својот дом, а пред да замине го фотографираше стравичниот пожар.

– Ова е мојата улица, фотиграфијата настана пред околу два часа. Се молам за моето семејство и благодарен сум им на храбрите пожарникари. Пазете се, вели холивудската ѕвезда.