Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска треба да се јави на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.

Ахмети треба да даде исказ во врска со предметот „Попис“, потврдуваат за МИА од ОЈО.

Истрагата по предметот „Попис“ ја отвори поранешното СЈО, за потоа да ја преземе ОЈО за организиран криминал и корупција.

Случајот се однесува на пропаднатиот попис во 2011 година, организиран од владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Според СЈО, со стопирањето на пописот на населението тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и неговиот коалициски партнер во владата Али Ахмети, нанеле штета на Буџетот во висина од 2,8 милиони евра.

Груевски, како што е познато, откако почна политичкиот прогон од актуелната власт во Република Македонија, доби политички азил во ЕУ, односно во нејзината членка Унгарија.