Дарко ЈАНЕВСКИ

-Ако некому досега не му беше јасно, сега кога Денот на св. Кирил и Методиј стана „Ден на бугарската писменост“, белким сега ќе му се разјасни.

-Но, ние потпишавме дека ако св. Кирил и Методиј се Македонци, тогаш се Грци, ако се Словени, тогаш се Бугари.

-Никаде во договорите со Грција и Бугарија не стои дека св. Кирил и Методиј биле „три коси црти“ па согласно на тоа „24 Мај“ да го славиме како „Денот на писменоста на трите коси црти“.

-Впрочем ние и досега ги славевме како „сесловенски“ просветители. Иако тоа не одредува припадност, бидејќи нели, ни велат дека во средниот век немало национална припадност… (хммм, да, немало, освен бугарска, грчка, српска…), јасно е што значи „сесловенски просветители“, па ете на мала врата некако да се најдеме и ние во таа формулација, ама уште појасно е што значи „бугарска писменост“…

-Затоа Заев беше донесен, затоа се формирани комисии со Грција и Бугарија и тоа е тоа.

-И во тоа учествуваа сите, некои како извршители, некои како логистика и поддржувачи.

-На некои од нив овие денови, месеци и години им го видовме вистинското лице, но тоа за овие неколку редови веќе не е ни битно. Лицето на Заев и неговите го видовме и пред тоа, но и тоа за овие редови не е битно

-Чест на малиот, ама баш малиот број исклучоци, од кои некои тоа го платија со слободата…

-Така што, пуштете си ја Царовска, слушајте каков епски успех остварила за три недели, плескајте му на „Слушај го Венко“, слушајте го Митко Јанчев кога вели „дај Боже сите да се како Зоран Заев“, палете се на „лепотиците“ и „лепотаните“ од СЈО… и да не ги редам сите лубриканти заслужни за ова, и не мрчете многу! Всушност, кога ќе погледне малку човек, и нема многу мрчење… Освен поединечно…

-А, „убавите работи“ како оваа допрва не чекаат…