Околу 1.000 припадници на венецуелските безбедносни сили дезертирале во Колумбија од минатиот месец, оставајќи ги зад себе своите униформи и оружје, соопштија колумбиските власти.

Колумбиското Министерство за надворешни работи соопшти денеска за најновите податоци за бројот на венецуелски полицајци и војници кои дезертирале и пребегнале во Колумбија.

Колумбиските власти објавија дека сите дезертери добиле сместување, потребна здравствена заштита и правна заштита по пристигнувањето во Колумбија.

Колумбија, САД и околу 50 други земји го поддржуваат лидерот на опозицијата, Хуан Гваидо кој се самопрогласи за претседател на Венецуела.