Американскиот претседател Доналд Трамп објави во Твитер фото од чек на 100.000 долари, што неодамна му го напиша на Министерството внатрешна безбедност.

Како кандидат за претседателските избори во 2016 година, Трамп вети дека нема да ја земе претседателската плата од 400.000 долари годишно ако биде избран.

Трамп ги донира своите квартални плати на разни федерални министерства и агенции.

„Печатот не сака да пишува за моите донации, но не ми треба”, напиша Трамп на Твитер. Американскиот претседател увери дека ако не ја донира својата плата, ќе има „многу негативни реакции од страна на ЛАЖНИТЕ МЕДИУМИ”.