Олгица НИКОЛА ТРАЈКОВСКА

На само една седмица од прогласување на вонредната состојба, довчерашниот премиер на Владата на „Северната“ самонаречениот „Црпнат“, а всушност, неколкуструко аболицирано лице за финансиски и друг криминал, без никаква државна функција, ЈАВНО излета со апел: „Држ`те го крадецот“, како мерка за справување со вирусот! И недозволиво – само во својство на лидер на партија на власт, чиј премиер и министер за финансии се исто така членови на истата партија на актуелната (техничка) Влада, формирана за спроведување избори! И пред, воопшто, Владата да расправа и заземе став за
евентуално, вакви мерки.

Со каква цел?

Потсетувам дека – обемот и содржината на мерките за вонредна состојба мора да се движат во рамките на потребите за справување со ПРИЧИНИТЕ и ПОСЛЕДИЦИТЕ од корона вирусот! Тие не смее да се протегаат за санирање состојби настанати од други причини – како што е дефицитот на Буџетот, предизвикан не од вирусот, туку, првенствено од Аболицираниот, хронично заразен од „Кримвирус“!

Имено, тој јавно кажа дека енормниот Буџет за 2020 година од скоро 4 милијарди евра е во критична состојба поради недостиг од над 1,3 милијарди евра! И поради тоа, во низата негови „генијални мерки“ за санирање, додаде уште едно „спасоносно“ некомпетентно решение: Платите на администрацијата да се смалат на гарантирани 14.500 денари!
Што всушност, аболицираниот, без да сака, јавно ПРИЗНА:

1. Проектираниот Буџет, за кој до скоро НАДЛЕЖНИТЕ твредеа дека е во „кондиција, одржлив, развоен, стабилен…“ всушност бил издишан, мртов! Целосно испразнет, далеку над ВКУПНАТА сума предвидена за првите 3 месеци! Дали ненаменски за целите на Парламентарните избори? За неосновани вработувања (купување гласови), а воедно и за „пречек“ на новата
власт со буџетска бездна! Или и нешто друго?

2. Средства од Буџетот се трошени крајно недозволиво, недомаќински и спротивно на динамиката утврдена со општите прописи!

3. Во Буџетот, спротивно на законските обврски за донесување Национална стратегија за вакви услови, нема предвидени посебни средства, што значи – власта (вклучително и парламентот) неодговорно и незаконски го донела, а средствата авансно и без да влезат во Буџетот- однапред ги потрошила! Виртуелно!

4. За разлика од секоја одговорна и домаќинска власт, дури и оние во соседството, властите во „Севернава“ немаат ниту ДЕНАР обезбедена резерва за какви било немили случаи/вонредни потреби! (Србија и Бугарија имаат во резерва по повеќе милијарди евра, активирани за санација на состојбите!)

5. Го игнорира своето неовластено и непрописно трошење на буџетските средства што претставува тешко кривично дело, особено ако се земат предвид низата сомнителни тендери, субвенции, несфатливи луксузни и помодарски
набавки и тн!

Лажниот апел за СОЛИДАРНО понесување на товарот на буџетскиот дефицит со кратење на платите на администрацијата само за себе дополнитело потврдува дека Аболицираниот:

– Поим нема што вели Уставот! Имено, Уставот ЗАБРАНУВА дека, дури и во воена или вонредна состојба, смее се превземат мерки по основа (меѓудругото) над граѓаните според нивната општствена положба (чл.54, ст.3 од Уставот);

– Со посочување на администрацијата како структура која треба да го понесе товарот, намерно го с`ска народот, особено работниците од приватниот сектор, злоупотребувајќи го веќе неспорниот и во еден дел заслужениот анимозитет од народот! „Заборавајќи“ дека евидентната нестручност и бројност на администрацијата, во значаен обем, е производ, исклучиво – благодарение на самата власт! Со тоа СВЕСНО предизвикува нова омраза и поделби меѓу граѓаните на непринципиелна
основа;

– Свесно ја жртвува администрацијата, посредно препишувајќи и` ја својата непосредна вина за Буџетот! Енормните вработувања на државна сметка не е последица на нивни избор, туку на манипулации, пресметки, пазарења и сл. злоупотреби на моќта на политичките коалициони партнери во власта, со отворање низа излишни служби и службичиња со гломазни систематизации, советници и какви се` не прескапи „капацитети“ под диригентство на Аболицираниот;

– Наместо да придонесе во смирување на состојбите и барање начин за помош на граѓаните во незавидна социјална положба, тој, со фрлање на новата „коска за раздор“, вниманието и критиките кон НЕГОВОТО ТРИГОДИШНО лудачко, расипничко и криминално владеење ги прикрива и пренасочува кон администрацијата. Без воопшто да се земат предвид практиките на пристојни држави кои непосредно им помагаат на граѓаните (првенствено најзагрозените) со: поевтинување струја,
обезбедување бесплатен јавен превоз, доделување парични средства на име вонредна помош за вонредните трошоци и тн.

Затоа, Аболицираниот, перфидно смисли „солидарни“ мерки, кои се всушност – солидарна одговорност за СВОЈАТА лична ОДГОВОРНОСТ/ВИНА за дефицитот во буџетот! За да ги заташка/покрие ЗЛОУПОТРЕБИТЕ на буџетот, а при тоа да пожнее и понекое ново поенче од неупатените, посиромашните, за идните избори, како нивни Робин Худ…

Оттука, јавно го повикувам надлежниот Државен ревизор ИТНО да изврши увид во трошењето на Буџетот и да го извести ЈО за најдената состојба!

(P.S. Хроничните проблеми околу превработеноста во администрацијата, критериумите за вработување и сл. се ургентни, но врз основа на системски и сеопфатно промислени решенија и по престанок на вонредната состојба!)

(Авторот е Македонка, од државата Македонија)