Господине премиер, каде е Културниот центар за Македонците од Пиринска Македонија што јавно ветивте дека ќе го отворите, а рокот за тоа веќе помина, пишува во отвореното писмо од Македонците од Пиринска Македонија до премиерот Димитар Ковачевски.

Во продолжение го објавуваме Отвореното писмо од ОМО Илинден.

До господинот премиер на Република Македонија:

Господине Ковачевски,

Пред извесно време во Собранието на Р. Македонија Вие јавно пред цел народ изјавивте дека ќе зборите со премиерот на Р. Бугарија Кирил Петков и Вие лично ќе отворите Македонски културен центар во Благоевград.

Рековте тогаш во Собранието на Р.Македонија дека на отварањето на Македонскиот клуб, лично ќе ја поканите лентата да ја пресече пратеникот на партијата ВМРО – ДПМНЕ. г-ѓа Рашела Мизрахи.

Веќе поминаа неколку месеци од тогаш, а Македонски клуб во Благоевград се уште нема отворено, ниту веќе се зборува за тоа од Ваша страна.

Дали ние, етничките Македонци и Македонки што живееме во Благоевград и пошироко под Пирин, да се надеваме дека во скоро време дека ќе се отворат врати на Македонски културен центар во Благоевград (Горна Џумаја)?

Атанас Кирјаков, претседател на Градскиот комитет на ОМО ИЛИНДЕН