Не можеме да не реагираме на неодговорната изјава на претседателот Радев за „сепаратистичките најави и претензии за малцинство кои ги изјавија луѓето со кои се сретна претседателот Пендаровски“.

Неговата изјава е лага и клевета и како таква е штетна за секој човек, а особено за претседател, затоа што срамот паѓа врз сите граѓани. Нашата партија никогаш не промовирала сепаратистички идеи. До ден денешен ниту една македонска организација, или Македонец во Бугарија не бил, ниту обвинет, ниту суден, ниту осуден за сепаратистички дејства. Лагата за сепаратизмот се искористува за да се оправда системската дискриминација врз која се подложени граѓаните на Бугарија со македонска самосвест, дискриминација која доведе до 14 пресуди против Бугарија од Судиот за човекови права. Дискриминацијата на Македонците во Бугарија е забележана во секој извештај на Меѓународната инсититуција за човекови права, кој се однесува на Бугарија во последните 18 години, а поради тоа Бугарија е ставена под засилен мониторинг од Комитетот на министрите.

Но, освен лаги и клевети, изјавата на Радев е израз и на ниска политичка култура. Тој ги поврзува малцинските права со сепаратизмот и во нив гледа нешто лошо и неприфатливо. Да го потсетиме дека Бугарија ја има ратификувано Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, и исто така во минатото, Република Бугарија официјално го признавала македонското малцинство, кое потоа го подложила на жестоки прогонувања во времето на комунизмот.

И како за информација на Радев, бидејќи одбива да нѐ прими, но дури и да одговори на нашите барања за средба, ние се бориме за демократизација и европеизација на Бугарија, за човекови права, за запирање на негирањето на македонското малцинство, запирање на наметнатата над него систематска дискриминација, стигматизација, говор на омраза и маргинализација. Сакаме да им се даде можност на сите бугарски граѓани со македонска самосвест рамноправно и целосно право да учествуваат во општествениот и политичкиот живот во државата, нешто што во моментов систематски им се негира.

Срамно е што Бугарија е водена од политичари со таков начин на размислување.

ОМО „Илинден“ – Пирин