Израелските сили можеби ги прекршиле основните принципи на законите за војна и не успеале да направат разлика меѓу цивилите и борците за време на нивната воена кампања во Појасот Газа, се вели во соопштението на Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации, цитирана од британските медиуми.
Во извештајот за проценка на шест израелски напади кои резултираа со голем број жртви и уништување на цивилна инфраструктура, специјализираната агенција на ОН рече дека израелските сили „можеби систематски ги прекршиле принципите на разлика, пропорционалност и претпазливост при нападот“.
-Барањето да се изберат средства и методи за водење војна со кои се избегнува или барем се минимизира штетата на цивилното население, се чини дека постојано се прекршува во израелската бомбардирање, рече високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк.
Во воздушната и копнената офанзива на Израел загинаа повеќе од 37.400 луѓе, според здравствените власти на територијата со која управува палестинската вооружена група Хамас.
Израел го започна својот напад откако борците на Хамас извршија напад преку границата на 7 октомври против градови и кибуци во јужен Израел, при што загинаа околу 1.200 луѓе и земаа повеќе од 250 заложници.
Минатата недела, Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации соопшти дека убиството на цивили за време на израелската операција за ослободување на четворица заложници може да се смета за воено злосторство, но исто така посочи дека држењето на затвореници од страна на палестинските милитанти во густо населените области е воено злосторство.
фото: МИА архива