Во пресрет на средбата помеѓу претседателот на Турција и на Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин, специјалниот пратеник на Обединети нации за Сирија, Геир Педерсен ги повика да помогнат за обезбедување на мир во сириската провинција Идлиб.

За време на брифингот во Советот за безбедност на ОН, Педерсен истакна дека Сирија е поделена на неколку зони во кои меѓународните играчи се натпреваруваат за превласт.

Тој додаде дека нападите врз камповите на раселените лица, особено на турско-сириската граница се засилени во провинцијата Идлиб.

– Убеден сум дека ситуацијата на теренот во Идлиб ќе биде важно прашање на средба меѓу Путин и Ердоган. Многу зависи од нив, наведе Педерсен.