Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA) во објава на Икс по повод Меѓународниот ден на жената, се осврна на тешката положба на жените во Газа.

„Жените во Газа продолжуваат да ги трпат последиците од оваа брутална војна“, се потенцира во објавата.

Според УНРВА, најмалку 9.000 жени се убиени во Газа од почетокот на октомври, но агенцијата на ОН предупреди дека бројот е веројатно поголем: „Оваа бројка е веројатно помала од вистинската, бидејќи се наведува дека многу повеќе жени се мртви под урнатините“.

„Во Газа во просек се убиваат по 63 жени дневно – 37 се мајки кои ги оставаат своите семејства зад себе“, се додава во објавата на УНРВА.

фото: ЕПА