Лина Рангелова, студентка од прва година на правни студии го освои второто место на XXVI Ораторска вечер „Иво Пухан“ која се одржува на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, УКИМ.

„Зошто „не“ за уставни измени“ е темата за која Лина освои второ место. Таа изрази благодарност до сите кои ја поддржале, како и до многубројното жири од професори меѓу кои имало и професори од Србија и Хрватска. Вели, комплиментите кои ги добила од нив особено и значат.

-Уште колку амандмани треба да донесеме под притисок? Извира ли нашиот Устав од македонските граѓани или од меѓународната заедница и соседите? Дилемата сега или никогаш е многупати чуена и фаталистичка. Затоа, самосуверенот граѓанинот може да го реши проблемот. Каде? На избори, го завршува својот говор младата Лина.

Целиот говор на Лина може да го погледнете во продолжение.