Оргазмот на жената е постојана дилема за повеќето мажи. Без разлика дали е вистински или глума, како и кои техники да и се дадат на жената за најголемо задоволство. Според студијата објавена во едно истражување во кое биле опфатени 1.000 жени на возраст меѓу 18 и 94 години, жените сакаат различни стимулации. Овие стимулации вклучуваат допирање на гениталиите, одредени делови од телото, притискање и мазење. Некои жени имаат многу специфични барања, така што 41% од испитаните дами претпочитаат еден специфичен вид на допир.

Ова значи дека нивните идни љубовници треба да разговараат со жените за видот на стимулација што ги возбудува најмногу и да се потрудат да ги реплицираат овие специфични движења. Оваа студија, за прв пат во САД, дојде до индикатори кои покажуваат како жените, за време на сексуалниот однос, достигнуваат оргазам.

Од вкупниот број испитаници, 75% рекле дека стимулацијата на клиторисот е неопходна за да се постигне оргазам или да се придонесе за подобро чувство. Само 18% од анкетираните жени изјавиле дека пенетрацијата на вагината, само по себе, е доволна за оргазам.