Тања Басер цел живот се бори со редок вид на тумор.

Се почнало кога имала 16 година. Ја болело десното рамо, за набрзо да открие израсток со големина на грашок на раката, која за три месеци пораснала со големина на топче за голф.

Прегледите набрзо откриле дека Тања има агресивна фиброматоза.

-Бев многу млада кога ја добив таа дијагноза и бев наивна мислејќи дека се ќе се реши и ќе исчезне после операцијата. Се излажав, раскажува таа за Мирор.

Од 16 до 19 години Тања имала четири операции со кои и го тргнале туморот, но после секоја операција тие се враќале и биле се поголеми. После тоа болницата во Кембриџ била на радиотерапија која траела осум недели.

-Беше тоа ужасен период, кожата ми беше уништена после ваквата терапија и имав пликови и кожа ми се уништуваше, раскажува таа.

По само неколку недели состојбата се смирила и Тања била уверена дека го победила туморот. Следните две години немала никакви симптоми, но во 2013 години повторно пипнала израсток на рамото.