Нови 72 случаја на коронавирус се регистрирани во последните 24 часа во земјата, едно лице е починато, а три лица се излекувани и денеска заминуваат од Клиниката за инфективни болести, објави министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

Починатото лице е маж од Лабуништа, Стушко на возраст од 63 години донесен на Клиниката со тешка клиничка слика и починал неколку часа по приемот.

Од новодијагностицираните во Скопје се 14, Куманово – 21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 555 лица.

-Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два контролни негативни теста, денес заминуваат тројца пациенти. На клиниката неколку часа по приемот во болница, почина маж од Лабуништа (Струга) на 63 годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика. Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни, наведува Филипче.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје – 235, Куманово -114, Дебар – 49, Штип-19, Прилеп –33, Тетово – 29, Струга – 24, Велес – 10, Битола – 6, Охрид – 3, Кавадарци –2, Гостивар – 4, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка- 2, Радовиш -3, Крушево – 2 и
Кочани – 14.