Со оружје и шишиња беа пречекани граѓаните кои маршираат против францускиот предлог веднаш по преминувањето под стоковната куќа Мост. Банда од страната на плоштадот Скендер бег почна да фрла со шишиња кон поворката, додека голем дел од нив слободно мавтаа со оружје и се закануваа. Откако дел од демонстрантите тргнаа кон нив, смирени граѓани успеаја да ги вратата, веројатно заедно со лица како редари, а полицијата се појави дури по неколку минути. Според сведоштва, 15-лица биле тие што ги пречекале демонстрантите кај мостот кај бившата стоковна куќа „Мост“. Сепак за кратко, ситуацијата беше смирена, демонстрантите продлжија кон МНР е првата група веројатно се наоѓа веќе пред Собрание.

Споре фотографиите што ги објави Република, во рацете на еден од насилниците против демонстрантите се гледа и пиштол. Сведотво од лице место кажува дека сето тоа се случувало пред очите на нелкумина полицајци кои од почеткот не реагирале.

Пред неколку дена, Бујар Османи најави дека ќе има меѓуетнички тензии доколку не биде прифатен францускиот предлог, а оваа „местенка“ очигледно ги покажува намерите да се заплашат луѓето кои протестираат, а кои, според присутни, вечерва се во најголем број од почетокот на демонстрациите во саботата.