Министерот за надворешни работи Бујар Османи или не е упатен во внатрешните работи на соседна Грција или пак свесно ја лаже јавноста во Република Македонија.

Тој, како гостин во ТВ 24, тврди дека во Грција „такви им се правилата, сообраќајните знаци да не покажуваат држави, туку градови“.

Но, од видеото што го објавуваме може да се види дека сообраќајните знаци во Грција се „со едно правило за Македонија, а друго за Турција, Бугарија и други земји“. Тоа правило за сообраќајните знаци во Грција, што го проповеда Османи, не важи кога Република Македонија се нарекува ФИРОМ!

Видеото може да го отворите ТУКА.

(Д. Г.)