Музејот кој викендов беше отворен во селото Сопот го одбележува убиството на 60-мина селани во 1944 година. Беше погрешно претставен како музеј на УЧК, истакна денеска министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ Бујар Османи.

На новинарски прашања по прес-конференцијата со заменик-помошникот генерален секретар за политички прашања и безбедносна политика на НАТО Хавиер Коломина, тој одговори дека лидерот на партијата Али Ахмети бил како поканет гостин и оти прашањата за сопственоста на имотот треба да се упатат до организаторите.

– Според моите информации, викаа дека е семејно земјиште, семејството тоа го изградило за да ги одбележи соселаните. Ние немаме никаков удел во тоа, само бевме поканети и претседателот Ахмети учествуваше, рече Османи одбегнувајќи да ги коментира фотографиите од Музејот со елементи на УЧК.