Лидерот на ДУИ Али Ахмети викендот во кумановското село Сопот го отвори меморијалниот центар или музеј на УЧК.

На свеченоста, како што пренесе Република и повеќе други медиуми, „Ахмети упати неколку пораки дека Албанците се господари во Македонија и државотворци“.

Во музејот се изложени фотографии на команданти на УЧК од Косово како што е основачот Адем Јашари, како и ликови од воениот конфликт во Македонија како Исмет Јашари, но и фотографиите од „бившиот командант на ОНА“, Али Ахмети.

Меѓу музејските експонати е и знамето на „Голема Албанија“, во чии рамки се голем дел од Македонија, Србија и од Грција.

Пред влезот на комплексот се наоѓа мермерна плоча со картата на „Голема Албанија“.

За овој настан завчера објави Денешен, во текстот што е подолу и фотографии кои Ахмети ги објави на неговиот официјален профил на Фејсбук.