Економските мерки и политики на владата предводена од СДСМ даваат резултати, кои ги чувствуваат сите граѓани, се истакнува во денешното соопштение од владејачката партија.

Во продолжение целото соопштение од СДСМ:

Инфлацијата континуирано се намалува.

Стапката на инфлација во октовмри се намали на 3,5 проценти и е речиси преполовена во однос со претходниот месец, кога растот на трошоците за живот беше 6,6 отсто.

Инфлацијата е намалена за 5,5 пати, во споредба со октомври минатата година кога изнесуваше 19,8 отсто.

За заштита на стандардот на граѓаните, наскоро треба да биде проширена мерката за „гарантирана цена“, а дополнително на намалување на цените ќе влијае донесувањето на предложениот закон за нефер трговски пракитки.

СДСМ продолжува да носи мерки во интерес на граѓаните и заштита на животниот стандард.

Центар за односи со јавност ана СДСМ