Denesen.mk
01.08.2026.
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни

БРИТАНЦИТЕ ЗА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ: Македонците не го сакаат Господ, зашто е далеку, битолските жени ги даваат ѓерданите, за секоја куќа да има пушка

МИЦКОСКИ: Го намаливме државниот и јавниот долг, зголемено е индустриското производство во ограбената држава од СДСМ и ДУИ на власт

НИКОЛОСКИ: Убав ден е денеска кога може да се видат 47 среќни семејства од најранливите, кои во Дебар добиваат свој стан и свој нов дом

МИЦКОСКИ: За првпат по многу години граѓаните на Гостивар ќе користат вода која е целосно бактериолошки исправна за пиење

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна – нема нови потврдени случаи на западнонилска треска

Македонија

Османи: Не гледам аргументи со кои членките на ЕУ во јуни би ни ги блокирале преговорите

/ 20.02.2019
Share
Османи: Не гледам аргументи со кои членките на ЕУ во јуни би ни ги блокирале преговорите

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска во Брисел изјави дека не гледа аргументи со кои земјите членки би можеле на јунскиот Совет да го блокираат или одложат датумот за преговори со Македонија, јави МИА од Брисел.

Османи беше поканет да говори во Европскиот центар за политики (ЕПЦ) за напредокот на Македонија кон ЕУ. Тој, утрово се сретна со претставници на земјите членки, со еврокомесарот Јоханес Хан и со шефицата на дипломатијата Федерика Могерини.

Одговарајќи на новинарско прашање, Османи рече дека „ќе биде тешко да се изнајдат аргументи да се блокира земјата откако го постигна историскиот договор со Грција и испорача сѐ што се бараше од неа“ во контекст на реформскиот процес и трите услови поставени лани на Советот за општи работи за старт на преговорите оваа година.

Според Османи, доколку одлуката во јуни биде негативна, последиците би биле „катастрофални“ како на внатрешен план, така и во рамки на регионот. Османи смета дека неиспорачувањето на преговори во услови на исполнети реформи и болни компромиси со соседите ќе го поткопа кредибилитетот на европските институции во очите на македонските граѓани, но и ќе опадне ентузијазмот за реформите кај сите.

– Со години им велиме на граѓаните дека името е прашањето поради кое се блокира. Доколку нема преговори, ќе има обесхрабрување за реформите, истакна Османи.

Последиците би биле значајни и за соседството, оцени тој. – Зошто било која земја би прифатила да влезе во тешки компромиси, ако на крајот е оставена сама на себе?, праша Османи, алудирајќи на спорот меѓу Косово и Србија, за кој Европската Унија има надеж дека ќе добие нов поттик откако заврши Преспанскиот процес.

Вицепремиерот потсети дека Македонија го поддржува отворањето на преговори со Албанија во исто време и дека двете земји треба да одат напред, но оти треба да се почитува принципот на индивидуални заслуги.

– Би било катастрофално ако Северна Македонија биде одбиена после сите компромиси кои ги направи, ниедна земја не смее да биде колатерална штета, рече Османи.

Вицепремиерот исто така потсети дека имплементацијата на Преспанскиот договор на домашен план е поврзана со отворањето на преговарачките поглавја, што, според него, е уште една причина што побргу да се отворат преговорите со Македонија.

Share this...
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin

Ознаки: османи
Од истата категорија

Сервисираниот „ер трактор“ повторно ставен во функција

Шестмина приведени по споделеното видео на кое се гледа дека се пука на семејна веселба

Потпретседателот Милошоски ја пречека коњаницата во рамки на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

БРИТАНЦИТЕ ЗА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ: Македонците не го сакаат Господ, зашто е далеку, битолските жени ги даваат ѓерданите, за секоја куќа да има пушка

Во Дебар свечено беа доделени клучевите од 47 социјални станови

ЈКП „Стандард“ апелира дебарчани да ја користат водата одговорно бидејќи има населби кои се соочуваат со недостиг на вода

Најнови вести

Сервисираниот „ер трактор“ повторно ставен во функција


Шестмина приведени по споделеното видео на кое се гледа дека се пука на семејна веселба


Потпретседателот Милошоски ја пречека коњаницата во рамки на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“


Во вторник итен состанок на ЕУ за масовните преминувања на мигранти во Сеута


Denesen.mk
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Copyright © 2018 ЕМ Медиа ДООЕЛ