Пополнувањето на испразнетите амбасадорски места е приоритет на надворешната политика и затоа особено ме радува што веќе од денес новиот амбасадор на С. Македонија во Италијанската Република, Весел Мемеди ќе започне активно да ја извршува својата функција, објави на Фејсбук шефот на дипломатијата Бујар Османи.

– Италија е пријателска и важна земја, поддржувач на нашите евроинтегративни процеси, и неговото упатување претставува важен чекор за оддржување на овие релации, додава Османи во објавата.