Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, кој денеска треба да го брани контроверзниот Закон за јазици пред Венецијанската комисија, која попладнево треба да го разгледа и да даде свое мислење, објави дека постојат земји во светот кои практикуваат двојазнични банкноти и униформи на армијата.

– Пленумот на Венецијанската комисија, составен од претставници од околу 60 земји низ целиот свет, попладнево ќе го разгледа Законот за употреба на јазиците. Тврдам дека употребата на банкнотите и воените униформи е практика во некои земји ширум светот и е здрава и за нашата земја. Аргументите за потребата од законот, конкретните одредби и неговото спроведување се направени во координација со локални и регионални експерти, објави Османи на својот профил на Фејсбук.

Тој истовремено изрази разочарување од вчерашниот настап на професорката Тања Каракамишева која имаше негативно мислење во своето обраќање пред Поткомитетот за национални малцинства и фундаментални права.

– Почитување за досегашната соработка и работата на Комисијата, но разочарување за деструктивната позиција и улогата на претставникот на С. Македонија во Венецијанската комисија, додава Османи.