Претседателката на Косово, Вјоса Османи, во Њујорк разговараше со специјалниот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар за дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Османи на социјалната мрежа Икс (Твитер) изјави дека во разговорот било истакнато дека улогата на САД е клучна за успешно завршување на дијалогот.

„Со Шоле и Ескобар разговаравме за развојот на настаните во рамките на дијалогот. Беше нагласена важноста од принципиелен пристап за целосна и рамномерна имплементација на договорот и дека улогата на САД е клучна за успешно завршување на процесот, што го отвора патот за меѓусебно признавање“, објави Османи.