Студентите имаат надеж дека бргу државата ќе стане членка на Европската унија, оценува заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, по неколкуте средби со студенти на универзитетите го промовира конкурсот за есеј на тема „Со европско знаење до европската престолнина“. Денеска тој за можноста дебатираше со студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа.
– Тоа што го гледам, е ентузијазам, гледам надеж кој што порано не можеше да се забележи. Надежта е заради тоа што се гледа јасна перспектива дека државата ги отвора преговорите. Очигледно дека и студентите сфаќаат дека без затворање на поголеми политички прашања нема шанси државата да исчекори напред према овие перспективи. Сите овие прашања се затворени. Сега кога сите стандарди се исполнети во поглед на отворање на преговорите тие ја гледааат дека ја отвораме оваа втора и финална фаза кога прашањето дали ќе бидеме членка на ЕУ веќе не е предме, туку кога ќе бидеме. Сега се разбира тој процес ќе трае можеби деценија и овие студенти ќе бидат носители на тие процеси. И затоа тие го чувствуваат тој ентузијазам и таа потреба за партиципативност во овој процес и ние сме тука за им го овозможиме тоа, рече Османи.
Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа Абдулменаф Беџети истакна дека што општеството што повеќе треба да генерира европски вредности за да прекине заминувањето на младите во земјите на Европската унија.
– Мора да ги предочиме можностите што ЕУ интергации ги нудат за студентите пред се за таа генерација кој утре треба да ги види бенефитите од тоа и во смисла да се доближиме што е можно побрзо до ЕУ за Европа да ја носиме тука додека тие не заминале сите таму, рече Беџети.