Тетово е нашата славна и заедничка историја, од Тетово започнаа многу големи процеси, рече претседателката на Косово Вјоса Османи-Садриу на денешната посета на Тетово и средбата со со градоначалникот и лидер на Беса Билал Касами.

– Мојата посета на С. Македонија е потрдување на поддршката за евроинтегративниот процес на двете земји, рече Османи, објави ТВ Клан Македонија.

Касами и возврати:

– Госпоѓо претседателке, добредојдовте во Дарданско Тетово, објави Касами на својот профил на Фејсбук.

останува за дообјаснување како македонскиот град Тетово може да биде „заедничка и славна историја“ со Косово?

Касами денеска се огласи со нов „топоним“: „Дарданско Тетово“, а Албанците од Косово се почесто српскиот израз Косово го заменуваат со Дарданија.