Турскиот претседател Реџеп Таjип Ердоган испрати остра порака до Грција во својот говор одржан во провинцијата Самсун по повод Саемот за технологија и вселенска индустрија (Текнофест).

Во својот говор Ердоган рече дека нема да се двоуми да воведе какви било санкции против Грција доколку таа ги премине границите.

Таа турска фраза беше третирана како отворено предупредување и закана, бидејќи истата има историска конотација, а гласи: „Можеби ќе дојдеме ненадејно една ноќ“, која Ердоган ја употреби во својот говор.

Тоа се зборови од турска песна, со цел да се испрати порака и предупредување до грчката страна дека Турција не се шегувала и пред воената операција на Кипар во 1974 година.

Ердоган ја употреби истата фраза како предупредување и против Курдистанската работничка партија и партијата Демократски сојуз, кои неодамна ѝ се заканија на Турција на сириска територија. И го направи тоа што го кажа во фразата.

Турските војници, една ноќ, ненадејно влегоа на сириска територија три пати. Таму ѝ нанесоа големи загуби на терористичката организација и воспоставија безбедни зони за Сиријците.

Токму затоа грчките медиуми со голема паника и загриженост ги дочекаа овие зборови и почнаа да ја обвинуваат Турција за агресија, како нападот веќе да бил извршен, жалејќи се од Турција во ЕУ и НАТО.

Неодамнешното вознемирување на турските воени авиони од страна на грчката авијација, а потоа и од системот С-300, доведе до зголемување на тензиите меѓу двете членки на НАТО, Турција и Грција.