Три години и еден месец затвор доби сопственикот на порталот Доказ, Марјан Стаменковски. Кривичниот суд денеска ја одреди оваа казна откако Стаменковски го прогласи за виновен за пет кривични дела.

Покрај затворската казна, тој треба да плати и 5.000 евра, а судот му изрече и забрана за вршење професија или дејност поврзана со кривичните дела односно забрана да врши регистрација на домеин на портал за време од 10 години сметано од време на правосилност на пресудата. Воедно престанува да важи и регистрацијата и на сите досега регистрирани домени.

Стаменковски е прогласен виновен за две кривични дела ширење расистички и ксенофобичен материјал и едно дело: уцена, пиратерија на аудивизуелно дело и злоупотреба на лични податоци.

Пресудата не е правосилна и Стаменковски и обвинителството имаат право на жалба до Апелацискиот суд Скопје.