Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја следи состојбата со бугарската политика во Република Албанија и пошироко. Нашиот заклучок дека долги години во Република Албанија, Република Македонија и Република Косово од страна на Република Бугарија се врши невиден атак за асимилација на Македонците и нивното бугаризирање, сè уште е актуелен, пишува весникот Илинден.

Ваквата политика на бугарските власти го темелат на бројот на поднесени барања за бугарски пасош, а не на реалната состојба на теренот.

Секако, никој, па ниту ние, не го спориме фактот дека Македонци по етничка самоопределба поднесуваат барања за бугарски пасош, но исто така, неспорен е фактот дека тоа се прави од две причини. При тоа, првата причина, економската, е поткрепена со втората, а тоа е алчноста на бугарските институции за големите приходи од поднесителите на барањата. Или, добивањето на бугарски пасош стана одличен бизнис, како за бугарската држава така и за одредени хохштаплери и ништо друго.

Во овој процес за добивање на бугарски пасош, барателите потпишуваат задолжителен документ за своите „бугарски“ корени. Но, она што бугарските власти го забораваат е дека тие се грубо изиграни бидејќи нивните пасоши се користат како пасоши со кои може лесно да се замине во европските земји.

Исто така, заборавија дека нечие државјанство не значи и национално чувство. За тоа, најдобар пример се Македонците во Бугарија, кои се државјани во бугарската држава, но кои и денес не се признати како лица со македонска национална определба.

Во изминативе години во бугарската држава се случуваат политички бранувања, па и покрај неколку циклуси на избори во Бугарија не може да се формира стабилна Влада. Во секој од изборните циклуси, бугарските политичари ја засилуваат отровната реторика кон Македонија, а асимилацијата и бугаризацијата на Македонците се користат како добитна карта.

Сепак, вистината е друга, а неа ја гледаме од бројките на „илјадниците“ Бугари во Албанија, Македонија, и Косово. Според официјалната страна на Централната изборна комисија во Бугарија во Македонија вкупниот број на гласачи е цели 169 лица од кои 14 официјални лица во Амбасада, на Косово цели 4 лица во Амбасадата, а во Албанија има пријавени 176 лица од кои 6 во бугарската Амбасада. (https://www.cik.bg/bg/ns02.04.2023/registered?fbclid=IwAR1Iy_H6Cz8CqsuphK2YefVA0u2EpKuLw3Wg24PjGnYynjJHomD2wJtXzT0https://www.cik.bg/bg/ns02.04.2023/registered?fbclid=IwAR1Iy_H6Cz8CqsuphK2YefVA0u2EpKuLw3Wg24PjGnYynjJHomD2wJtXzT0).

Од списоците кои се достапни за секој град во Република Албанија се гледа дека има етнички Албанци пријавени за гласање на најновите бугарски избори. Јасно е дека освен оние изроди од македонскиот род во околината на Корча, кои со децении се финанстираат од бугарските власти и кои се обидуваат да ги убедат Македонците дека се Бугари, сепак Македонците сред обласите Голо Брдо и Гора нема ниту еден пријавен за гласање, а истото го забележуваме и во главниот град Тирана.

Со овие податоци, дури и на бугарските власти им станува јасно колку е погувна нивната полтика и колку залудно ги финансираат изродите од македонскиот род кои со децении се нивни амали.

  • Република  Македония (169)
    • Битоля (Генерално консулство) (9)
    • Кавадарци (42)
    • Прилеп (41)
    • Скопие (Посолство) (15)
    • Струмица (22)
    • Тетово (40)
  • Косово (4)
    • Прищина (Посолство) (4)

Албания (176)

    • Дуръс (43)
    • Елбасан (36)
    • Корча (46)
    • Кукъс (45)
    • Тирана (Посолство) (6)