Судот во Холандија денеска осуди тројца мажи на повеќегодишни затворски казни за убиството на холандскиот новинар Петер Р. де Вриес во 2021 година во Амстердам.
Де Вриес беше застрелан повеќе пати среде бел ден на прометна улица во Амстердам на 6 јули 2021 година. Еден куршум го погодил во главата. Починал девет дена подоцна, а имал 64 години.
Тројцата главни осомничени се осудени денеска, двајца добија по 28 години затвор, а третиот 26.
Обвинителите барале доживотни затворски казни за човекот обвинет за пукање во Де Вриес, наводниот возач за бегство и човекот осомничен дека го организирал атентатот.
Пукањето доведе до истрага за нарко бандите и подземјето во земјата и ги откри „пукнатините“ во холандскиот правен систем.
Во јануари, обвинителите побараа казни од три до 21 година за другите шест лица осомничени дека се вмешани во атентатот.
Убиството предизвика бес и излив на тага низ Холандија. Холандскиот крал Вилем-Александер рече дека убиството е „напад врз новинарството, камен-темелник на нивната уставна држава, а со тоа и напад врз владеењето на правото“.
Питер Р. де Вриес (64) со години се сметал за можна мета на криминалците за кои известувал.