Ковид 19 е причина за смртта на маж во Србија минатиот февруари, 10 дена пред првиот смртен случај да биде пријавен во Франција, презетирала студија на белградски истражувачи, пренесе Ројтерс.
56-годишен градежен работник од Белград, кој не патувал никаде, што значи дека не е нултиот пациент во Србија, туку се заразил во градот каде живее. Бил примен во болница на 5 февруари 2020 година, со температура, кашлање и недостаток на воздух, односно губење на здив. Умрел по неколку часа, а аутопсијата покажала дека причината е пневмонија.
Неколку месеци подоцна научниците од Институтот за форензичка од Медицинскиот факултет во Белград, нашле докази дека мажот умрел до Ковид 19.
Миленко Богдановиќ, форензички паталог, рекол дека студијата на 12 експерти, публикувана минатата недела, упатува на тоа дека КОвид 19 била присутна во Европа многу порано отколку што се мислело.
„КОвид 19 веројатно би причина за многу пневмонии со непознато или неутврдено потекло во јануари и февруари 2020 година“ рекол Богдановиќ.
Франција го пријави првиот заразен со САРС КОВ 2 на 24 јануари минатат година, апрвиот смртен случај од КОвид 19 на 15 февруари.