Му недостигаат уште 3 000 денари и нешто ситнеж, за да ги собере потребните триста евра колку што според Алсат чини шалот на Мила Царовска со кој таа вчера се прошета на средбата со синдикалците.

Размислува дали да се пријави и во слободно време да носи цигли во куќата што ја гради Филипче и така да ги обезбеди потребните пари.

Тој не пропушта и да испрати порака: еден месец ќе гладува и така ќе ослабе, но кога ќе се разболите, не го барајте ни него, ни тие како него, а кои се мнозинство во оваа држава меѓу лекарите. Обратете се кај Царовска.