ПАК ГОРАТ НАПУШТЕНИ БАРАКИ: Голем пожар во Скопје, горат бараките и продавници карши Тутунски комбинат кај Рампа

/ 19.09.2022

Пожар денеска ги зафати бараките карши Тутунски Комбинат во Скопје. Како што дознава порталот Курир од очевидци, горат напуштени бараки и дел од продавниците кај „Рампа“.

Противпожарните возила се на терен, а присутна е и полицијата.

Претпладнево избувна пожар во близина на Тутунски комбинат спроти Управата за јавни приходи, информира за МИА од бројот 112 за итни случаи.

Оттаму велат дека најверојатно горат напуштени стари бараки и оти се известени сите надлежни.

Како што е познато вакви пожари се случија и на други места во Скопје, каде што гореа напуштени гради на кои е планирано да се градат нови, како што беше во Треска и претходно во центарот на Скопје.


Од истата категорија