Пакистанскиот Парламент денеска ќе избере нов премиер, откако поранешната крикер ѕвезда Имран Кан беше сменет од функцијата, јави ДПА.

Шехбаз Шариф, претседателот на Пакистанската Муслиманска Лига – Наваз (PML-N), како и помладиот брат на поранешниот, трикратен, премиер Наваз Шариф, се најверојатни кандидати, кои може да го заменат Кан.

Претходно, Шариф беше главен министер на Пенџаб, најголемата провинција во земјата, и доби репутација на силен лидер.

Тој се појави како кандидат со поддршка од сите опозициски групи. На Шариф ќе му требаат 172 гласа од 342-та членови.

Партијата на Кан го стави поранешниот министер за надворешни работи, Шах Махмуд Куреши, да се бори против кандидатот на опозицијата.

Пакистанската партија Техрик-е-Инсааф (PTI) на Кан, сега планира да почне со улични протести, но, остана неодлучна по масовните оставки од Собранието.

Дел од партиските лидери за медиумите изјавија дека, по изборот на премиер, ќе се повлечат од Собранието.

Во текот на вчерашниот ден, Шариф вети дека неговата влада ќе ја подобри економијата, за да им даде олеснување на масите и да не се бара одмазда од неговите противници.

Претходно, Кан ги обвини САД за обиди за смена на власта бидејќи тој одлучи да ја посети Москва на денот кога руските трупи ја почнаа нивната инвазија на Украина.

Во Вашингтон и Стејт департментот и Белата куќа негираа дека САД се обидуваат да го сменат режимот во Пакистан.