Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев со оптимизам го најави дуелот против Полска и најави голема борба за позитивен резултат.

– Атмосферата е одлична, се подготвуваме добро и знаеме дека не очекуваат два тешки натпревара. Концентрирани сме само на натпреварот против Полска. Овој натпревар може да ни го покаже патот во квалификациите. Ако ја победиме Полска можеме да се квалификуваме на едно големо натпреварување. Знаеме против каков ривал ќе играме, какви поединци во тимот има, но со помош на публиката можеме да се радуваме. Оваа генерација е зрела, најдобра со која сум играл во репрезентацијата и овие натпревари се вистинска можност и да го покажеме квалитетот и нашиот нов победнички менталит. Македонија живее за спортот. Наша желба е да се пласираме на ЕП и да ги израдуваме навивачите. рече Пандев.

Натпреварот С. Македонија – Полска се игра утревечер од 20:45 часот на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Средбата е од 3. коло Г-група во квалификациите за ЕВРО 2020.