Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев смета дека двата натпревара од следниот прозорец во квалификациите за ЕУРО 2020 ќе бидат решавачки за пласманот во К-групата.
– Важен натпревар за нас. Извојувавме една рутинска победа. Заслужено освоивме три бода. По еден месец не очекуваат одлучувачките натпревари со Словенија и со Полска. Затоа сакавме да освоиме барем четири бода од овие две гостувања. Жалиме што не победивме во Израел, бидејќи имавме шанси, изјави Пандев.
Триесет и шест годишниот ветеран синоќа го постигна првиот гол во триумфот од 2:0.