Папата Франциско денеска апелираше за прекин на конфликтот во Украина.

Во неговите први директни јавни коментари откако рускиот претседател Владимир Путин нареди воена интервенција во Украина на 24 февруари, Папата повика да се отворат хуманитарни коридори за да им се овозможи на Украинците да избегаат од интензивните борби.

-Во овие денови бевме шокирани од нешто трагично: војна. Неколку пати сме се молеле по таков пат да не се оди. И ние не престануваме да зборуваме, навистина, поинтензивно го молиме Бога, изјави папата Франциск.

Бројот на Украинци кои избегале во соседните земји од борбите во Украина од почетокот на руската воена интервенција се искачи на околу 368.000 и нивниот број продолжува да расте, соопшти денеска УНХЦР.

– Тој број се заснова на податоците што ни ги дадоа националните власти, соопшти УНХЦР во пораката на Твитер.

Претходно агенцијата на ОН објави дека во соседните земји има повеќе од 200.000 бегалци. УНХЦР објави дека бројот на луѓе кои бегаат од руската инвазија постојано се менува.