Во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија под мотото Гласни и горди денеска во Скопје се одржува овогодишното издание на Скопје Прајд.

Во 19 часот, по кратките поздравни говори, започна протестниот марш по скопските улици, завршува во 21 часот, а потоа ќе следува културно-забавна програма на стадионот на Армијата во Градскиот парк.

Камерата на Макфакс „улови“ дел од политичарите кои беа дел од поддржувачите.

На маршот присутен беше вицепремиерот Бојан Маричиќ, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, како и експретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Парадата се одржува под силно полициско обезбедување, а учесниците со себе носат и транспаренти.

Во паркот е развеано и знамето со виножитото, кое е симбол на ЛГБТ заедницата.