МВР денеска не поднесе пријава за учесниците на парадата на гордоста кои во рамки на маршот за поддршка на ЛГБТ заедницата истакнаа големо знаме со боите на виножитото, како што тоа го направи за знамето со Сонцето од Кутлеш на верскиот празник Водици.

Истакнувањето на ова знаме, како што објави порталот Експрес, не предизвика нарушување на јавниот ред и мир, но покажува колкава дискриминација постои во Македонија при третманот на различни групи луѓе.

Додека министерот Оливер Спасовски оправдано не ги гони луѓето што го истакнале знамето со боите на виножитото во Скопје, пред судот во Охрид по негов налог во тек се два процеси за истакнување на знамето со сонцето од Кутлеш, пишува порталот.

Иако и ова знаме не го прекрши јавниот ред и мир сепак СВР Охрид покрена две пријави за адвокатот Тони Менкиноски кој го истакна знамето.

Меѓу двете знамиња има огромни разлики во пораките што ги носат но нема никаква разлика во делот на содржаност на државни симболи пропишани со закон, како што стои во пријавата од МВР против Менкиноски кој се гони затоа што истакнал знаме кое не содржи државни симболи според законот.

Со непостапувањето на Спасовски во Скопје за знамето на виножитото а постапувањето во Охрид за знамето со Сонцето од Кутлеш се поставува дилема кој всушност навистина е дискриминиран во Македонија, пишува порталот.