СДС продолжува со лаги и манипулации кога станува збор за економијата и економските параметри, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА ви го пренесува интегрално.
СДС со ова очигледно има една намера која е многу јасна, да шири паника меѓу граѓаните.
Но, очигледно тие не ја знаат ниту основната лекција по економија, а тоа е дека пари се враќаат, но многу е важно каков раст се продуцира.
Дополнително, месецов се објавени нови ревидирани годишни прогнози за економскиот раст на македонската економија. Што велат тие?
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми проекцијата за целокупниот економски раст на Македонија за 2026 година на 3,5 проценти, а Светската банка исто така ја подобри својата прогноза за растот во 2026 година на 3,2 отсто за разлика од претходните 2,9 проценти.
По години владеење на СДС заедно со ДУИ, економијата растеше со 1,6 проценти во првиот квартал од 2024 година, јасно е што оставија.
Важно е СДС да знаат дека економскиот раст не е проследен со нови инфлаторни притисоци, економијата забрзува, а инфлацијата се намалува, и зад позитивните трендови стојат инвестиции и можности, за разлика од нивното владеење проследено со двоцифрена инфлација.
Според податоците од ДЗС за септември годинава, стапката на инфлација е 0.0%, во однос на август, а и во одредени групи се забележува и намалување на трошоците на живот, што значи дека инфлацијата не се зголемува.
Првите осум квартали откако СДС беше на власт, просечниот реален раст на БДП изнесувал околу 2,6 проценти.
Сега, со ВМРО-ДПМНЕ осум последователни квартали БДП има раст од над 3%, а последниот податок за вториот квартал од 2026 година ја потврдува позитивната динамика во економијата, реален раст на БДП 4,3 проценти.
СДС ако сака да зборува за долгови прво нека ги погледне економските параметри, а тие говорат дека Македонија ги враќа долговите, но работи и на еконосмки раст што директно го чувствуваат граѓаните со зголемување на нивниот животен стандард, а Владата паралелно носи мерки за цените на енергенсите кои се покачуваат поради кризата на Блискиот Исток.
Разбираме дека не им е јасна разликата, затоа што не е исто да се води марихуана економија и да се води економија која реално придонесува да се подобри животот на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ




