Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во Молдавија дека Париз и Берлин апелирале денеска до Србија и Косово што е можно поскоро да организираат нови локални избори во четири општини со српско мнозинство на северот на Косово и дека на нив учествуваат српски претставници.

По заедничките средби на Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц со претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Вјоса Османи, францускиот лидер изјави дека тензиите на северот на Косово се резултат на локалните избори, на кои само три отсто запишани гласачи на 23 април излегоа да гласаат.

Макрон најави и дека шефот на европската дипломатија Жозеп Борел ќе разговара со лидерите на Србија и Косово за одржување нови избори.