Пред само неколку минути, британскиот Парламент со огромно мнозинство гласови го одби предлогот на премиерот Борис Џонсон за нови парламентарни избори на 15 октомври, а доколку победи на тие избори, Џонсон да ја извлече Британија од ЕУ на 31 октомври, со или без договор.

Истовремено, одобрен е Законот со кој не му се дозволува на Џонсон да ја изнесе Британија од ЕУ без договор.

По ова гласање и пораз на Џонсон, неизвесно е што ќе биде следниот негов чекор!