Од Партијата на Македонци во Србија соопштија дека ќе дојдат во Македонија да положат цвеќе на гробот на херојот Гоце Делчев, а како што се вели во нивната порака до бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, нема да му дозволеле да пријде до црквата Св. Спас.

– По заканите на Џамбаски, дека на 4. февруари ќе дојде во Македонија, да сече раце на Македонци, од Партијата на Македонци во Србија му порачуваме дека ќе го чекаме во Скопје. Ќе положиме цвеќе на гробот на Гоце Делчев и нема да дозволиме бугарските фашисти со Џамбаски да пријдат до црквата Свети Спас. Многу работи останаа нерасчистени. Поддршка до нашите браќа Македонци во Бугарија, Грција и Албанија, велат од Партијата на Македонци во Србија, пренесе Прес 24.