Претседателот Стево Пендаровски на својата Фејсбук страница ја објави програмата за чествувањето на Илинден на Мечкин Камен во Крушево.

Во рамките на централната свеченост, како што објави Пендаровски, пригодна реч ќе има Никола Ристановски со пораки за Илинден. На свеченоста ќе настапат ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“, ансамблот за албански народни ора и песни, Влатко Стефановски и воениот оркестар на Армијата.

– Утре на Мечкин Камен ќе оддадеме почит на Илинденците коишто загинаа во одбраната на Крушевската Република, напиша Пендаровски.