Сите политички субјекти, и од власта, и од опозицијата, да го насочат своето делување во интерес на остварувањето на стратешките цели на Македонија – членството во ЕУ и во НАТО, како важен предуслов за стабилна, просперитетна и развиена држава.

Ова било истакнато денеска на средбата меѓу претседателот на државата, Стево Пендаровски, и лидетот на политичката партија Движење Беса, Билал Касами.

– Сите релевантни политички субјекти во РС Македонија во периодот што претстои треба да демонстрираат одговорност и да го дадат својот придонес во исполнувањето на реформската агенда, која е во интерес на граѓаните, истакнал претседателот Пендаровски на средбата.

Претседателот на Движењето Беса, Касами, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, упати честитки до претседателот по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во работата.

Во текот на денешниот ден Пендаровски имаше средби и со спикерот Талат Џафери и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.