Кремљ внимателно ја следи ситуацијата во Република Македонија по вчера одржаниот референдум  за промена на името на државата и членството на земјата во НАТО и ЕУ, изјави денеска Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин.

– Ние сметаме дека безусловно сите процеси треба да останат во рамките на владеењето на правото и почитување на законите, рече Песков во изјава за медиумите во Москва, пренесува ТАСС.