На Македонија (Маќедонији) е насловот на песната кој по Илинденското востание во 1903 ја напишал црногорскиот поет Мило Јововиќ која е актуелна и денес.

Црногорскиот поет бил инспириран од Македонија и Илинденското востание кога ја напишал песната во 1903 година. Во песната се опејува тежината која паднала врз Македонија по Илинден. Јововиќ со поетски јазик испраќа апел до совеста на Европа да не ја остава Македонија и Македонците на милост и немилост.

Јововиќ е роден Стар Бар во Црна Гора во 1866 година, а починал во 1916 година.