Петгодишното момче, кое беше спасено по речиси 24 часа изгубено во пустина во западна Аргентина, денеска беше пуштено од болница.

Бенџамин Санчез, кој исчезна за време на семеен излет во неделата, беше пронајден од страна на тим од доброволци 21 километар подалеку од каде што последен пат бил виден.

-Ми беше ладно, спиев лошо, потпрен на камен, рече момчето, кое носело само маичка и панталони.

Бенџамин кога огладнал јадел трева и пиел вода од поток.