Премиерот на Бугарија, Кирил Петков изјави дека никогаш не сметал дека треба да се укине ветото за Македонија за ЕУ, туку само да се помести.

– Промената на Уставот мора да се случи пред првото поглавје и треба да ги ставиме на колосек за Европа, но критериумите што треба да ги исполнат мора јасно да бидат поставени од нас, изјави Петков за Нова ТВ.

Тој посочи дека во 2020 година бугарската влада гласаше за „пуштање на Македонија во Европа“, но во моментов „сме една од ретките земји што може да си го дозволи тоа“.

Според Петков важно прашање се „правата на Бугарите во РСМ“. Доколку се загарантирани со амандман на Уставот и се дел од пакетот мерки воведени во „договорот за РСМ“, за нив би било обврска да го изменат Уставот.

Според бугарскиот премиер, Владата на Димитар Ковачевски е подготвена да тргне на патот кон Европа.

-Ѝ даваме пат на РСМ кон Европа, но овој пат е поплочен со барања и обврски, јасно врамени и кои ги користи цела Европа за да обезбеди напредок што сите сакаме да се случи таму, нагласува Петков.

Тој појаснува дека Бугарија ќе ја пушти Македонија кон Европа, а прв услов е да мора да се смени Уставот, тоа веќе ќе биде договор со ЕУ и мора да го исполни не само затоа што тоа го сака Бугарија.

Петков додава дека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен јасно ставила до знаење дека „европските партнери се подготвени да бидат гарант“.

Петков: Не е договорено тргање на ветото до јуни

Патот на РСМ кон Европа е во интерес и на Бугарија, но не пред таму да се гарантираат правата на Бугарите, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков.

Тој во интервјуто за бугарската телевизија „Нова“ негираше дека е договорено до јуни тргање на ветото на Бугарија. Според него, ништо нема да се направи без гласање во Парламентот и широка јавна расправа.

-Доколку правата на Бугарите со промената на Уставот се гарантирани од ЕУ, со други зборови промената треба да биде дел од пакетот мерки вклучени во Договорот за РСМ и нивна должност е да го сменат Уставот на патот кон Европа, тоа е веќе еден чекор напред, рече премиерот.

Тој смета дека ветото треба да се помести, а не да се укине.

-На РСМ и го даваме патот кон Европа, но овој пат е поплочен со барања и обврски, јасно врамен и на тој начин ја користиме цела Европа за да го обезбедиме напредокот што го сакаме како Бугари, појасни премиерот.

Тој рече и дека првото поглавје за влез во ЕУ не може да се отвори без да се смени Уставот. Потоа додаде, веќе не мора да „го менуваат Уставот затоа што Бугарија сака, туку затоа што таков е нивниот договор со ЕУ, кој го дефинира патот на РСМ како земја членка“.

-Ние мораме да го побараме тоа, мора да го ставиме во договорот. Не треба да чекаме некој да ни ја заврши работата. Најглупавата работа што би ја направиле сега е да се сопнеме против бугарскиот интерес. Сега таму имаме нормална влада и таа е подготвена да ги преземе своите обврски преку европски договор, вели бугарскиот премиер Петков.

Бугарија веќе две години го блокира почетокот на преговори на Северна Македонија со ЕУ со тврдење дека земјава ја краде бугарската историја и дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. Едно од бугарските барањата е и ставање на Бугарите во македонскиот Устав.