Андреј Петров, член на Извршен одбор на СДСМ во гостување во емисијата Клан дебата на ТВ Клан, по вчерашниот пораз на кандидатот за претседател на Македонија од СДСМ, Стево Пендаровски истакна дека СДСМ е спремна за опозициј.

Тој, сепак, дава поддршка за сите позитивни работи кои што планира идната влада да ги спроведи.

– Во споредба со минатите избори имаме помалку околу 140 000 гласови. Пораката на граѓаните е јасна спрема СДСМ. Ние треба да се бориме за секој глас во овој втор круг. Но, едно е сигурно дека ние треба да се спремаме за опозиција и да извлечеме поука од грешките. Дел од гласовите се прелеаја во некои други партии, дел од граѓаните останаа дома. Волјата на граѓаните беше голема во првиот круг иако во вториот изборен круг се почнува од нула. Ние пораката ја сфативме. Спремни сме да дадеме поддршка за сите позитивни работи, рече Петров.